Бeрбок: ЕУ мора да смета на 8 милиони бегалци од Украина

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок очекува дополнителен бран бегалци од Украина.

„Мора да бидеме свесни дека повеќе од три милиони луѓе ја напуштија Украина досега, но мора да сметаме дека уште неколку милиони ќе избегаат“, рече таа пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Според неа, се проценува дека ЕУ ќе мора да прими осум милиони бегалци од Украина.

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, пред две недели предвиде дека околу пет милиони бегалци од Украина ќе пребегнат во Унијата.

Слични содржини