339
Германија ќе престане да увезува нафта од Русија до крајот на оваа година, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
„Овде велам јасно и недвосмислено – да, Германија постепено целосно ќе го запре увозот на руска енергија“, рече Бербок по средбата со колегите од балтичките земји, пренесе Ројтерс.
Бербок рече дека Германија ќе го преполови увозот на нафта до летото, додавајќи: „Ќе бидеме на нула до крајот на годината, по што ќе следи гасот, според заедничкиот европски патоказ, бидејќи нашето заедничко, целосно излегување на Европската унија (од руска енергија) е нашата заедничка сила“, пренесе британската агенција.