Кина би можела да го искористи своето влијание како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за да ја убеди Русија да се придржува до резолуцијата на ОН за мир за Украина, која ја поддржуваат 141 земја, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Кинескиот документ од 12 точки содржи многу познати позиции, рече Бербок, додавајќи дека е важно Кина да издаде предупредување против нуклеарна ескалација, објави Ројтерс.
Сепак, „оние кои зборуваат за мир не смеат да мислат на потчинување“, додаде таа.