Бербок: Ќе му обезбедиме „зимска заштита“ на Киев

од Radmila Tasevska
185 прегледи

Германија планира да ја прошири и зголеми својата поддршка за Украина во наредните години, изјави министерката за надворешни работи Аналена Бербок на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Покрај ветувањето за „зимска заштита“ на Киев во наредните месеци, Бербок ги повика своите колеги министри да не се фокусираат само на настаните на Блискиот Исток, нагласувајќи дека останува потребата „да се соочиме со геополитичките предизвици“ и во Европа.

– Нашата поддршка ќе биде значително проширена, особено за следната година, рече таа и ја предупреди Москва да не очекува намалување на помошта за Киев како резултат на „драматичната ситуација во светот“.

– Не само што ќе ја продолжиме нашата поддршка за Украина. Ќе продолжиме да ја шириме и зголемуваме, рече Бербок, откривајќи дека Берлин планира да испрати уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ од американско производство и генератори за електрична енергија во Киев.

Германскиот таблоид Билд минатиот викенд објави дека владејачката коалиција во Германија се обидува да ја зголеми воената помош за Украина од четири на осум милијарди евра само во 2024 година. Се очекува парламентарната комисија за буџет да го разгледа и потенцијално да го одобри планот оваа недела, пишува весникот.

Слични содржини