238
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, не е сигурна дали е можно Украина да победи во оваа војна.
„Тоа е бруталната реалност“, рече таа во интервју за јавниот сервис ЗДФ.
„Од една страна, важно е воено да ја зајакнеме Украина, со се што имаме, а од друга, за жал, ситуацијата е таква што имаме дефицити во сопствените залихи“, посочува германската министерка.