154
Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок утрово пристигна во посета на Киев, што е нејзина четврта посета на Украина.
Нејзината посета не беше најавена од безбедносни причини, објави Зидојче цајтунг.
Наведено е дека ќе разговараат за подготовките за претстојната зима со украинските власти, за украинските деца кои наводно биле насилно депортирани во Русија, како и за изгледите на Украина да стане членка на ЕУ.