Бербок: Украинските напади со беспилотни летала врз Русија се во согласност со меѓународното право

од Radmila Tasevska
216 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска оцени дека се почестите напади на украински беспилотни летала на руска територија се во согласност со меѓународното право.

„Русија ја нападна Украина и поради тоа Украина има право загарантирано со Повелбата на ОН да ја брани сопствената земја и својот народ“, рече Бербок, одговарајќи на прашање за можната опасност од ширење на конфликтот поради украинските напади со беспилотни летала во Подмосковље.

Според неа, Русија „безмилосно бомбардира цивилни цели во Украина, силоси за жито, болници и цркви“, додека Украина се брани во рамките на меѓународното право.

Бербок тоа го кажа на заедничката прес-конференција во Берлин со нејзиниот естонски колега Маргус Цахкна.

„Украина го следи меѓународното право и мораме да бидеме јасни во врска со тоа. Не зборуваме само за завршување на војната, туку и за следење на мировниот план на претседателот (Володимир) Зеленски. Тоа значи – потиснување на Русија во Русија“, рече Чахкна.

Слични содржини