Бериша: Ако сакаат да функционира парламентот, СП да ги почитува правата на опозицијата, Рама е преплашен

од Radmila Tasevska
223 прегледи

Поранешниот албански премиер и актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, ги предупреди  пратениците од мнозинството дека мора да одлучат да ги почитуваат правата на опозицијата во парламентот, доколку сакаат парламентот да функционира.

Пораката доаѓа по вчерашниот хаос што се случи во собраниската сала, кога 45 од вкупно 59 опозициски пратеници, вторпат по ред ја блокираа работата на парламентот и не дозволија одржување на пленарната седница.

Вчера имаше и физичка пресметка меѓу пратеници, поради што интервенираше и Националната гарда.

– Ние зошто го блокираме парламентот? Пратениците од мнозинството мора да одлучат да ги почитуваат правата на опозицијата во парламентот доколку сакаат парламентот да функционира. Тоа е толку едноставно. Рама е преплашен  деновиве, во паника е. Ако го погледнете, тој се движи со баталјони полицајци и војници зад себе. Но, тоа е негова работа, не ми е гајле што има. Мене ми е гајле што сме решени, апсолутно опозициските пратеници се решени да одат до крајни граници за да си ги вратат уставните права, рече попладнево Бериша.

Додаде дека тие не почнале со насилство, туку другите, а претседателката, која не ја признава, избрзала и ” салата  ја наполнила со гардисти”.

Бериша и понатаму не ја отфрла, како што рече” мерката штрајк со глад во парламентот”.

Слични содржини