Поранешниот албански претседател екс-премиер и лидер на Демократската партија, Сали Бериша нема намера да го преземе само раководењето на партија, туку и да биде и следниот премиер.
-Оваа историска иницијатива има за цел да го врати политичкиот плурализам во Албанија. Целиме на победа на Демократската партија и враќање на Сали Бериша за следен премиер на Албанија. Ќе го вратам владеењето на правото и ќе ја вратам земјата на патот на интеграцијата. Сето тоа со волјата на Албанците, рече Бериша.
Реагираше и на изјавата на американската амбасадорка Јуриј Ким, која на прашањето на Топ чанел за тоа какви би биле нејзините односи со ПД доколку лидерската функција би ја презел Бериша, рече дека „ниту таа ниту нејзините наследници не можат да пијат кафе со лице прогласено за нон грата од страна на американскот Стејт департмент”.
-За да се затвори ова прашање, ја поканувам амбасадорката и секој друг што има барем еден доказ да го испрати до Судот во Париз. Изразувам големо задоволство што пријателите и истакнатите личности од американската политичка елита не се согласуваат и не ја прифаќаат изјавата дека има докази. Ми рекоа пријатели преку Атлантикот дека го виделе моето досие и оти тоа е празно, рече тој.