мигранти бтрод
Германија е подготвена на финаниски „олеснувања“ кон Грција, доколку официјална Атина прими повеќе бегалци, тврди германското економско списание „Виртшафт Вохе“, цитирано од грчкиот сајт њуз.ин.

„Главен наш приоритет е во Грција да останат што повеќе бегалци“, за списанието изјавиле германски владини извори кои, меѓутоа, не прецизирале како ќе биде изразено тоа финансиско „олеснување“ на Берлин.

Според нив, Берлин бил подготвен финансиски да ја помогне Грција, доколку таа го зголеми својот ангажман за решавање на бегалската криза. Тие сметале дека германската Влада може да намали некои свои барања, повразни со програмата за Грција, во замена за ангажманот од земјата да прими поголем број бегалци

Од почетокот на годината во Грција пристигнаа околу 400.000 бегалци и мигранти, од кои многумин по морски пат од Турција. Желбата на повеќето од нив е да се упатат кон другите земји од ЕУ, а најмногу кон Германија, забележа списанието. /МИА

Слични содржини