Берлин: Најмалку 10.000 луѓе на протест против вооружувањето на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Најмалку 10.000 луѓе се собраа денеска во Берлин на протест против вооружувањето на Украина за војна со Русија.

Протестот го организираше истакнатата левичарска политичарка Сара Вагенкнехт, пратеник од поранешната комунистичка партија Левица, објави „Ројтерс“.

„Го повикуваме германскиот канцелар да ја запре ескалацијата на испораките на оружје. Сега!… Затоа што секој изгубен ден чини уште 1.000 животи – и не приближува до Третата светска војна“, објавија организаторите на протестот на нивната веб-страница.

Слични содржини