БЕРЛИН ПРЕД КОЛАПС: Илјадници луѓе на улица, полицијата едвај ја ограничи толпата! (ВИДЕО)

од Берта Китинска
474 прегледи

Неколку илјади луѓе се собраа во Берлин, пред Бундестагот, да протестираат против усвојувањето на законот, кој ќе и овозможи на Владата полесно да воведе ограничувања во борбата против коронавирусот.

Според изворите, илјадници незадоволни граѓани за време на протестот удриле во шерпи и свиреле на свирчиња.  Германската полиција мораше да користи водени топови.

Претходно, берлинската полиција, со засилување од другите делови на земјата, блокираше пошироко подрачје околу најважните државни институции во Германија.

Членовите на Бундестагот најпрво ќе разговараат, а потоа ќе гласаат за спорниот закон, што ќе биде основа за воведување на рестриктивни мерки, кои вклучуваат задолжителна употреба на маски во јавноста.

Тие ќе одлучат за предлог-законот што ќе и овозможи на германската влада самостојно да воведе анти-епидемиски ограничувања, без собраниска процедура, според АП.

Владата ги забрани најавените протести пред Бундестагот од безбедносни причини, но собирите не беа забранети во другите делови на германскиот главен град.

Поставени се заштитни огради околу државните институции во случај демонстрантите да не ја почитуваат забраната за собири.

 

Слични содржини