Германската државна секретарка Ана Лурман изјави дека повторно се активирало Берлинксиот процес кој ќе помогне во интеграцијата на Балканскиот регион. Таа најави дека многу наскоро Берлинскиот процес ќе биде поактивен и поефикасен и дека за тоа веќе има план.
– Планот е да имаме самитска средба на лидерите на регионот во Берлин во ноември. Во подготовка за тој самит, ќе има и низа консултации со министрите за надворешни работи, со министрите за внатрешни работи. Се надеваме дека на самитот ќе постигнеме две работи. Едната е дека ќе имаме добра дебата и, се надевам, и напредок околу регионалниот пазар. Тоа беше големиот успех на Берлинскиот процес пред неколку години. Се постигна основен договор кој сега вистински треба да се имплементира за да можат луѓето да имаат корист од регионален пазар. И второ, напредок околу Зелената агенда. Инвестираме многу во зелената инфраструктура овде во регионот. И трето, што е поврзано со тоа, енергетската безбедност. Особено кога се работи за преживување низ зимата, за солидарност едни со други за да го надминеме заеднички овој тежок период, изјави Лурман за Тв21.
Поранешниот шеф на дипломатијата на Република Албанија, Едмонд Панарити во изјва за „Локално“ вели дека Отворен Балкан беше непотребно „дефокусирање“ од платформата на Берлинскиот процес, кој, за разлика од Отворениот Балкан, ги дефинираше методологијата и акционите планови, заедно со финансиските инструменти неопходни за зближување на сите земји од Западен Балкан, исти конкурентни позиции на регионалниот и на пазарите во ЕУ, а сите недостигаат во проектот Отворен Балкан.
-Уште пред да започне војната во Украина, „Отворен Балкан“ беше „наеднаш“ лансиран како паралелна понуда на берлинскиот процес на Европската унија, кој започна одамна и имаше за цел економската интеграција на земјите од регионот и да го забрзаат нивното членство во ЕУ. Значи, Отворениот Балкан беше непотребен „дефокус“ од берлинската платформа, која, за разлика од Отворениот Балкан, ја имаше дефинирано методологијата и акционите планови, заедно со финансиските инструменти неопходни за да ги доведе сите земји на Западен Балкан на позициите исти конкуренти во регионалниот и пазарите на ЕУ. Сето ова недостасува во проектот Отворен Балкан. За разлика од Отворениот Балкан, Берлинскиот процес беше поздравен од сите земји на Западен Балкан, додека Отворениот Балкан е оспоруван од некои од нив, изјави Панарити.
– Тој додава дека со оглед на тоа што „Отворен Балкан“ се расплетуваше на некој начин како „контра-педала“ на берлинскиот процес, тоа со интерес беше видено од Русија, која преку својот министер за надворешни работи го поддржа.Особено сега во опасната ескалација на војната во Украина, не верувам во иднината на Отворен Балкан што, надвор од очигледните недостатоци во целите, методологијата и финансиската поддршка, како во случајот со Берлинскиот процес, создава терен за оски на руско и трето политичко влијание во регионот, нагласи Панарити.
Б.М.