186
Берлинската полиција соопшти дека не бара осомничени по експлозијата во петокот во аквариумот Аквад.
Полицијата ја предупредува јавноста за, како што велат, лажен твит кој сугерира дека е започната потрага, а полициски извор потврди за локалните медиуми дека нема докази дека експлозијата во аквариумот висок 15,85 метри е резултат на таргетиран напад, пренесе Ројтерс.
Аквариумот што експлодирал е најголемиот самостоен цилиндричен аквариум во светот, во кој во моментот на инцидентот имало околу 1.500 егзотични риби, а од експлозијата се повредени две лица, соопшти итната помош.