Германската полиција денеска го отстрани големото украинско знаме во Берлин на кое пишуваше „тие се ние“ во Советскиот Меморијален центар, еден ден откако регионалниот сенат го забрани кревањето на руски и украински знамиња поради настаните по повод предавањето на нацистичка Германија на 8 мај 1945 година, објави Би-Би-Си.
Украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелњук изрази огорченост поради забраната, за која рече дека „претставува ист третман на жртвата и агресорот во руската инвазија на Украина“.
Властите забранија кревање на руски и украински знамиња по повод Денот на победата.