213
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми.
Лидерот на Форца Италија беше хоспитализиран на 5 април и ќе го напушти болничкиот оддел по 44 дена хоспитализација, пишува весникот „Месаџеро“.
Утрово новинарите почнаа да се собираат пред капијата на болницата за да го пречекаат Берлускони.