Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84) ја помина ноќта во болница откако синоќа паднал во својата куќа во Рим, пет месеци откако ја преживеа „пеколната“ битка со Ковид, изјави неговиот портпарол.
Берлускони се сопнал додека бил дома во Рим, каде дојде да го поддржи Марио Драги за следен премиер на Италија, поради политичката криза на Апенините, пренесува „Дејли меил“.
Берлускони се здоби со модринки на едната страна од телото и беше однесен во неговиот роден град Милано, каде детално беше прегледан, а утрово беше отпуштен, изјави портпаролот.
Политичарот и медиумски магнат, кој доминираше во јавниот живот на Италија во 1980-тите, беше хоспитализиран во Монако минатиот месец поради проблеми со срцето.
Тој исто така имаше голема операција на срцето во 2016 година, а преживеа и рак на простата.
Тој беше примен во болницата во септември минатата година откако се зарази со ковид и го опиша искуството како „најголемиот предизвик во неговиот живот“.