Беровчанец фалсификувал долари

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Б. (36) од с.Смојмирово, Берово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 23/24.06.2022 пријавениот пуштил во оптек две фалсификувани банкноти, во вредност од по 100 американски долари, со исти сериски број, притоа давајќи ги во замена за 10.000 македонски денари на В.В. од Берово, кој откако се обидел да ги замени во банка во Берово, било утврдено дека банкнотите се фалсификувани.

Слични содржини