БЕСА: Предлогот на Османи за нов „Рамковен договор“ за ЕУ е проект за политичко профитерство

од Destan Jonuzi
200 прегледи

Движењето БЕСА предлогот на шефот на дипломатијата Бујар Османи за нов „рамковен договор“ за ЕУ помеѓу партиите на власт и опозицијата го сметат како проект за политичко профитерство. Од ова партија во изјава за „Локално“ велат дека на државата и треба „рамковен договор“ за борбата против корупција и криминал.

-Движењето БЕСА нема никакви дилеми околу евро-интеграциската ориентација на државата така да нашата заложба одтанува константна и непроменета во таа насока и секако нема да дозволиме политичко профитерство од страна на власта преку вакви иницијативи. На државата и треба „рамковен договор“ за борбата против корупција и криминал каде што Владата воопшто не е анггажирана, се друго е само политичка фарса за добивање на дневни политички поени од страна на власта, изјави за „Локално“, Фарук Авдиу – портпарол на Движењето БЕСА.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи упати апел до опозицијата што поскоро да се седне на заедничка маса и партиите да потпишат договор со кој ќе дадат поддршка на агендата на ЕУ.

– Ни треба нов „рамковен договор“ за ЕУ, со кој партиите ќе се усогласат дека ќе ги поддржат прашањата кои се однесуваат на Унијата. Директивите на ЕУ мора да ги прифатиме, без ралика кој е на власт, изјави Османи.

Тој смета дека париите што поскоро треба да склучат договор дека ќе соработуваат и дека ќе ги надминат разликите.

„Граѓаните мора да бидат победници во овој процес. Времето е сега“, вели Османи, укажувајќи дека станува збор за надпартиска тема, за која не смее да има разлики.

Д.Ј.

Слични содржини