БЕСА: Владата се обидува да ја држи државата „на апарати“

од Берта Китинска
217 прегледи

Мерките за ублажување на економската криза кои истекоја на полноќ, докажуваат дека Владата се обидува да ја држи државата „на апарати“, велат од движењето БЕСА.

-Краткорочниот популизам сериозно ѝ штети на економијата на земјата, а дека државата е пред банкрот и буџетската каса е празна, докажува фактот што не беа преземени мерки навреме и не беа предложени други конкретни чекори за ублажување на економската криза.

Владата нема визија да го ублажи поскапувањето на основните производи, почнувајќи од струјата и нафтените деривати. Со парите на граѓаните управуваат неодговорни луѓе кои секојдневно го осиромашуваат народот и ја туркаат државата во длабока криза.

Мора под итно да го запреме ова и да не дозволиме судбината на народот и идните генерации да биде во рацете на актуелната Влада, која е заглавена во криминал и корупција. На државата и требаат одговорни луѓе кои чесно и транспарентно ќе ги водат институциите, затоа најдобар начин да се запре ова лошо управување со финансиите на државата, е што поскоро да се оди на предвремени парламентарни избори, посочуваат од БЕСА.

Слични содржини