Беседата „Чувај се себеси“ е добитник на наградата „Григор Прличев“

од Aneta Risteska
29 прегледи

„Чувај се себеси“  e насловена беседата на авторот пријавен под шифра „1111“ која е избрана за најдобра на Конкурсот што во чест на охридскиот поет и преродбеник го распишува Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Од пристигнатите осум беседи на конкурсот комисијата ја издвои посочената беседа поради нејзината уметничка, јазична и естетско – етичка вредност.

На Конкурсот што се организира на државно ниво, право на учество имаа сите млади автори на возраст меѓу 15 и 30 годиини.

Авторот на наградената беседа треба да го докаже својот идентитет и авторство со примерок од творбата испратен на [email protected]

Наградата за најдобра беседа во вредност од девет илјади денари ќе му биде врачена на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Слични содржини