Авион од Емирати летал речиси 14 часа со дупка на страната пред да слета во Бризбејн. Ербас А380 полета од Дубаи на 1 јули и слета во текот на ноќта, но пилотите пријавија изненадувачко откритие кога пристигнаа на нивната дестинација.
Патниците пријавиле дека слушнале силен тресок додека летале над океанот на пат кон Австралија.
Но, авиокомпанијата сепак одлучи да го продолжи летот, контактирајќи ја Контролата на летање на аеродромот во Бризбејн непосредно пред слетувањето за да известат за што се сомневаат дека е издувана гума при полетувањето.
Тие побараа да ги пречекаат службите за итна помош при слетувањето. Кога слетале по 13 и пол часа во воздух, службите за итни случаи биле шокирани кога пронашле голема дупка на левата страна на авионот, пишува „Дејли мејл“.
Emirates airline jet flies for 14 hours with a HOLE in its side after passengers heading to Australia heard a loud bang on take-off
via https://t.co/xJz3oVK9fD https://t.co/Cbyzh3vSqo— News Wagg (@fmdiscr) July 4, 2022
Надлежните инспектори откриле и посебен штраф на носот на авионот. Не е познато дали двата инциденти се поврзани.
„Се слушна силен тресок. Екипажот во кабината остана мирен, ја прекина услугата и се јави на телефон и ги провери крилата, моторите“, рекол еден од патниците.
Авионот слетал безбедно и нема информации за повредени или евакуирани патници.
„На почетокот беше апсолутно застрашувачко и кабинскиот екипаж знаеше дека нешто сериозно се случило – веднаш стапија во контакт со пилотската кабина“, рече еден од патниците, Еднру Морис, професор на Универзитетот Лафборо.
„Набргу потоа, сè продолжи нормално. Нивното мирно однесување беше смирувачко, знаеја дека тоа не е катастрофално“, рече тој.
Авионот не можеше да лета назад и остана во Бризбејн дополнителни 24 часа.