Беше млад човек со ГОЛЕМО СРЦЕ: Ненадејно почина актер од „Игра на тронови“

од Elena Daskalova
336 прегледи

Актерот Ендрју Данбар, кој глумеше во „Игра на тронови“ (Game of Thrones), починал во својот дом во Белфаст на само еден ден пред католичкиот Божик.

Како што наведува „Дејли мејл“, тој бил во своите рани 30-ти години, а во серијата бил двојник на актерот Алфи Ален, кој го глумеше Теон Грејџој.

За него, неговите колеги ќе кажат дека секогаш бил љубезен и пристоен, искрен, човек со големо срце. На забавите по снимањата на епизодите од „Игра на тронови“, тој секогаш бил задолжен за музиката, бидејќи во слободно време работел и како ди-џеј.

Данбар бил член на агенција за дублери, од каде истакнуваат дека бил толку прилагодлив, што можел да се вклопи во секоја улога и секој жанр, а продукциите постојано го барале за да глуми во нивните проекти.

Слични содржини