„Беше многу стресно“: Џенифер Лоренс откри зошто побарала од Роберт де Ниро да ја напушти пробната вечера

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Актерката Џенифер Лоренс се омажи за Кук Марони во 2019 година, а сега откри некои детали од церемонијата.

Како што рекла, тој ден сè и било премногу стресно и не си поминала како што замислила.

„Се беше толку стресно. Немав шанса да се опуштам или да се забавувам. Цело време мислев: Дали на сите им е удобно? Дали гостите уживаат?“, изјавила таа за E! News.

„Се плашев дека на сите им е ладно, а сите мои пријатели лажеа велејќи:’На никој не му е ладно, се е во ред’. Мајка ми подоцна ми рече: ‘Беше толку ладно, баба ти за малку ќе умреше од студ’“, додаде актерката.

Таа признала и дека го замолила нејзиниот постар колега Роберт де Ниро да ја напушти пробната вечера пред свадбата, бидејќи сметала дека не му е пријатно таму.

„Го гледав како талка наоколу, не препознавајќи никого и си помислив: ‘Тој не сака да го прави ова. Не сакам да биде овде во моментов’. Се приближив до него и му реков: ‘Оди дома’. Тој беше љубезен, сакаше да разговара со моите родители и беше добар, но јас повторно му реков: ‘Оди’. Кога си замина, навистина се чувствував подобро“, изјавила Џенифер Лоренс за споменатиот медиум.

Слични содржини