По долга пауза, актерот Џони Деп се врати на филмското платно во филмот „Мадам ди Бари“.
Деп во овој филм го игра кралот Луј XV, а премиерата на овој филм се одржа на фестивалот во Кан.
Со оглед на тоа дека ова му е прва улога по судењето со поранешната сопруга Амбер Херд, тој се осврна на своите впечатоци од тој процес.
„Беше смешно. Беше бесмислено. На крајот, се разбира, беше болно за многу луѓе. Тоа се случи затоа што едно лице обвини друго за нешто што не се случило“, рече тој.
Поради нејзините обвинувања, Џони изгуби некои важни улоги, а креаторите на франшизата „Пиратите од Карибите“ се оградија од него и покрај неговата улога на капетанот Џек Спароу, која ги одбележа овие филмови.
Поради сето ова, актерот истакна дека сè уште нема да се врати во Холивуд.
„Засега не би сакал да се вратам во Холивуд“, изјави Деп.