Бешикташ се раздели со Сантош

од Vladimir Zorba

Бешикташ најави разделба од поранешниот селектор на Португалија и Полска, Фернандо Сантош.

Сантош беше назначен на функцијата во јануари. Бешикташ моментално е 4-ти во турската Суперлига со 48 бодови, 36 помалку од лидерот Галатасарај.

Сепак, во последните пет натпревари тимот не успеа да оствари ниту една победа со Сантош и управата реши да го отстрани стручњакот.

Фернандо Сантош е шестиот тренер на тимот за оваа сезона. Бешикташ ја започна кампањата со Французинот Валериен Исмаел, потоа се наредија Шенол Гунеш, Бурак Јилмаз, Риза Чалибај, Сердар Топрактепе и сега Фернандо Сантош. Со ниту еден од нив резултатите драстично не се променија.

Фернандо Сантош има богата тренерска кариера, со родната Португалија го освои Европското првенство во 2016 година, а со репрезентацијата работеше од 2014 до 2022 година. Во јануари 2023 година ја презеде Полска, но издржа само осум месеци, откако поразот од Албанија го чинеше функција.

Слични содржини