Бесими: Ќе се напарават напори за побрз поврат на персоналниот данок кај земјоделците

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска најави дека ќе се напарават дополнителни напори за да се забрза повратот на персоналниот данок на доход кај земјоделците. Тоа, како што рече, ќе се реализира во координација со УЈП и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Бесими, одговорајќи на пратенички прашања, рече дека во процедура е и постапката за обесштетување на земјоделците од Неготино и Кавадарци. Според проценките, како што информира, штетите во Кавадарци изнесуваат 51,4 милиони денари, а во Неготино 163,5 милиони денари.

-За штетите во Кавадарци и Неготино Владата на 27 декември донесе одлука да се надоместат делумно, како што е предвидено со Законот. Министерството за финансии веќе постапува по тој заклучок и има пратено до Владата Предлог-одлука за исплата на надоместот за овие две општини. Во процедура е и брзо ќе се реализира, на првата следна седница идната недела или на една од наредните седници, истакна Бесими.

Двете прашања ги постави пратеникот Панчо Минов. Во врска со повратот на персоналниот данок на доход Минов го праша Бесими дали исплатата може да се забрза и средствата за 2021 година да се вратат до јуни 2023 година, додека средствата од 2022 година да се вратат до крајот на 2023-та.

Слични содржини