Бесими на средба со италијанскиот амбасадор Силвестри: Економската состојба е стабилна и покрај Ковид кризата

270 прегледи

Директните странски инвестиции од Италија во С.Македонија изнесуваат 107 милиони евр, а како што посочија на денешната средба министерот за економија, Фатмир Бесими и италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри, истите може да се продлабочат.

Исто така, тие заклучија и дека се соодветни и дадоа резултат четирите пакети на економски мерки, кои С.Македонија ги изготви за своите граѓани по кризата која ја донесе Ковид пандемијата.

Како што соопштија од Министерството за финансии, Бесими го запознал амбасадорот Сивестри за економската ситуација и дека покрај Ковид кризата, реализацијата на приходите е над 99%.

„Вкупниот износ на сите обезбедени пакети изнесува околу милјарда евра или приближно 10 проценти од нашиот БДП“, посочи Бесими.

За годинава, како што било посочено, македонската економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, а следната година ќе го достигне преткризното ниво. Годинава се очекува закрепнување на инвестициската активност, потрошувачката и нето-странската побарувачка, при што е проектиран раст од 4,1 проценти за годинава согласно основното сценарио.

„Со редизајнирање на буџетската политика и политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст-SmartER Growth Policies се поставува цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2022 година и обезбедување побрз економски раст на среден и долг рок“, вели Бесими.

На средбата, двете страни изразиле надеж за продлабочување на економската соработка.

Слични содржини