Бесими: Надминат јазот помеѓу домашната и европската стапка на инфлација

од Radmila Tasevska
458 прегледи

Мерките кои ги презема Владата, во комбинација со затегнатата монетарна политика на Народната банка, дадоа резултати, ако се земе трендот на движење на инфлацијата минатата и оваа година, каде забележуваме остар пад, како и надминување на јазот кој постоеше во однос на просечната стапка на инфлација во ЕУ поради структурните разлики на економијата. Имено, ако во ноември минатата година во ЕУ годишната стапка на инфлација изнесуваше 10,1%, а кај нас 19,5%, односно разликата е 9,4 п.п., во ноември 2023 година и кај нас и во ЕУ стапката на инфлација е 3,1%. Големото учество на храната во индексот на потрошувачките цени и увозот на енергенти имаа силно влијание врз домашната инфлација, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими во својата редовна викенд колумна.

„Ќе истакнам дека од почетокот на енергетската криза досега, Владата донесе три пакета на мерки за справување со енергетската и ценовната криза (со овие три, од почетокот на пандемијата наваму, Владата донесе вкупно девет пакети антикризни мерки). Мерките за справување со енергетската и ценовната криза на почетокот беа насочени кон ублажување на ценовниот шок од растот на цените на енергенсите врз населението и компаниите, преку субвенционирање на цената на електричната енергија и повластена стапка на ДДВ за електричната енергија. Подоцна мерките ги насочивме кон ублажување на последиците од високите цени на храната, преку мерки за замрзнување на основните производи, зголемување на минималната плата, пензии, плати во јавниот сектор, како и еднократни финансиски додатоци кон најранливите категории на граѓани. Мерките кои ги преземавме овозможија да се забави ефектот на пренос на увезената инфлација и спречување на повисоки ценовни шокови.

Слични содржини