Бесими: Од последната обврзница имаме на располагање само 200 милиони евра иако земавме 700 милиони

437 прегледи

Во рамки на активирањето на новата осма еврообврзница во висина од 700.000 милиони евра, попладнево, министерот за финансии, Фатмир Бесими посочи за која намена се земени овие средства.

„Со овие средства ќе се врати долгот по основ на третата еврообврзница во износ од 500.000 милиони евра. Што значи дека останатите 200.000 милиони евра ќе се искористат за расходите создадени од Буџетот кој беше усвоен во Собранието. Примарно, овие средства ќе се насочат кон економските и здравствените мерки поради Ковид 19. Со ова се покажува дека инвеститорите имаат доверба во економијата која ја спроведува нашата земја. Каматната стапка е убедливо најниската и изнесува 1,625% “, истакна Бесими.

Слични содржини