Бесими: Раст од 3,2% годинава, а потоа забрзување: 4,5% во 2023 и стапки над 5% од 2024-2027

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Со стабилизирање на ценовните притисоци, нормализирање на синџирите на добавување, но и спроведување на Планот за заздравување и забрзување на растот, нашите проекции се дека економскиот раст кај нас на среден рок ќе забрза. За следната година проектираме раст од 4,5%, во 2024 година од 5,7%, 2025 од 5,9%, 2026 од 5,7% и 2027 од 5,5%, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во својата редовна колумна.

На среден рок се очекува посилен раст на извозот, со нешто пониска стапка на раст на узвозот. За годинава е проектиран раст на нето-платата за 11%, како резултат на раст на минималната плата, покачувањето на платите во образованието, како и во некои од повисоко-доходовните сектори, како ИКТ секторот. На среден рок се проектира да продолжи растот на платите. Стапката на невработеност се очекува да продолжи да се намалува, со проекција од 14,5% за годинава, додека на среден рок се очекува истата да се сведе на 8,2% во 2027, додека стапката на вработеност да се покачи на 54,7% за истата година.

Со иницијалниот буџет вкупните приходи за 2022 година беа планирани на ниво од 238,9 милијарди денари (3,88 милијарди евра) и истите беа за 7,4% повисоки во однос на Ребалансот за 2021 година, додека расходите беа планирани на ниво од 272,4 милијарди денари (4,43 милијарди евра) или за 1,4% повисоко во однос на 2021 година. Со вака планираната приходна и расходна страна на буџетот, проектиравме постепено намалување на буџетскиот дефицит, односно постепена консолидација, која нема да се одрази на економскиот раст.

Во периодот јануари-април 2022 година, вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија се реализирани во износ од 78,9 милијарди денари (1,28 милијарди евра) или околу 33% од проектираните. Расходите за истиот период се реализираа во износ од 83,6 милијади денари (1,34 милијарди евра) или околу 30,7% од Буџетот за 2022 година. Во овој период навремено и непречено се подмируваа обврските на буџетските корисници, законските права на граѓаните и доспеаните обврски кон домашните и странските кредитори.

Од Буџетот на РСМ за 2022 година, од почетокот на годината исплатени се средства во износ од 5,3 милијарди денари (86,2 милиони евра) како финансиска поддршка за АД ЕСМ Скопје со цел справување со енергетската криза. На ваков начин преку навремена поддршка во енергетскиот сектор беше надминат проблемот во снабдувањето со електрична енергија, се заштитија граѓаните од ценовните шокови, а за компаниите се обезбеди најповолната цена на електричната енергија. Потоа следеше и пакетот на мерки од страна на Владата во однос на заштита на социјално ранливите катеогрии на граѓани, стпонаството, како и мерки за заштеди кај буџетските корисници.

Во овој период остварен е дефицит во висина од 4,6 милијарди денари (74,8 милиони евра) или 0,6% во однос на проектираниот БДП за 2022 година.

Со оглед на корекциите во макроекономските проекции, тековната економска ситуација и состојбата на меѓународните пазари, јасна е потребата за реструктуирање на истиот за да соодветно се одговори на новата ситуација.

Вкупните приходи со Измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари (4 милијарди евра) и истите се за околу 6,9 милијарди денари (112,2 милиони евра) повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот.

Даночните приходи, се планирани на ниво од 143,2 милијарди денари (2,3 милијарди евра) односно за околу 6,7 милијарди денари (108,9 милиони евра) или за 5% повеќе во однос на планираните со Буџетот за 2022 година. Проектираниот раст на даночните приходи се должи на зголемувањето на даночната основа кај одредени видови на даноци како резултат на пораст на потрошувачката, пораст на просечната плата, поголема профитабилност на компаниите и слично, како и врз основа на очекувањата за подобрена наплата на даночните приходи поради намалување на сивата економија, засилена даночна контрола и поедноставување и дигитализација на даночните постапки, и понатамошна реализација на целите и приоритетите на Стратегијата за реформи на даночниот систем 2021-2027.

Вкупните расходи се ревидирани на ниво на ниво од 288,5 милијарди денари (4,7 милијарди евра) или повисоко за 5,9%, односно за околу 16,1 милијарди денари (261,8 милиони евра) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Инаку, во разговорите за ребалансот на буџетот се направени и кратења во повеќе ставки во вкупен износ од 13,4 милијарди денари (217,9 милиони евра).

Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари (694,3 милиони евра), односно 5,3% од БДП, што е за 9,1 милијарди денари (148 милиони евра) повеќе во однос на првичниот буџет, пишува Бесими.

Слични содржини