Бесими: Реформската агенда мора да продолжи и покрај кризата

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Реформите во јавните финансии имаат за цел подолгорочно и поквалитетно планирање на буџетските програми и буџетите, одржливост и континуитет во спроведување на политиките, поправичен модел гледано од аспект на приходите, расходите и начинот на финансирање (како се полни буџетот и како и каде се трошат парите на граѓаните) и следење и мерење на резултатите. Еден од главните столбови на реформите во јавните финансии се транспарентноста и отчетноста, како и алоцирањето на јавните средства таму каде што даваат најголеми резултати според приоритетите на утврдување на оптималните политики во интерес на граѓаните и стопанството, концептот на „Вредност на парите” (Value for money) и воведување на т.н. клучни индикатори на успешност (Key Performance Indicators), пишува министерот Фатмир Бесими во својата редовна колумна.

Реформите во јавните финансии се неопходни за да може да зборуваме за побрзо закрепнување од кризата, а понатаму и забрзување на економскиот раст. Ова се и препораките на меѓународните финансиски институции. Одржливи резултати, во било која сфера, може да се постигнат само доколку постои систем. Ние веќе сме во напредна фаза на изградба на системот на „паметни” финансии, кој се базира на јасна стратегија, одржливост, одговорност, реформи и транспарентност. Ваквиот систем ќе ни помогне да обезбедиме нови инвестиции, нови работни места и подобар живот за граѓаните преку паметен, одржлив и инклузивен раст.

Добро е реформската агенда да се спроведува во кризните епизоди, бидејќи тие најдобро ни покажуваат каде во системот има потреба од промена. Симболот за криза во кинескиот јазик, се пишува со два знаци – едниот е опасност, а другиот можност, што би значело дека треба да сме свесни за заканите, но и да ја препознаеме шансата како да се подобриме, додава тој.

Слични содржини