Бесими: Собрани околу 94 милиони денари од данокот на фирмите што работеа во недела

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска информира дека се собрани околу 94 милиони денари од данокот на фирмите кои работеа во недела. Тие средства ќе се трошат за фонд за развој и за човечки капитал, но тоа не значи и раст на платите.

Според Бесими, ставката за плати е јасна. Дефинирана е во Буџетот и не може други средства да одат за таа намена.

-Собраните средства ќе одат во програмите за соодветната намена, за човечки капитал, како што е предвидено во Законот. Тие средства не може да одат за плати, плати се дефинирани во Буџетот, по кој износ се вкупно предвидени за 2023 година. Не може дополнителни средства да одат за плати, подвлече Бесими, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии.

Слични содржини