Бислимоски: Можно враќање на дневната ефтина струја од 1 јули

од Radmila Tasevska
174 прегледи

Можно враќање на дневната ефтина струја од 14 до 16 часот од 1 јули најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

– Можно е враќање на дневната евтина струја, но ќе треба да почекаме за тоа до крајот на грејната сезона. Од октомври до средината на февруари имавме поволни услови, граѓаните заштедија 14 проценти енергија, сите домашни капацитети се во функција и за прв пат над 80 отсто од потребите за енергија ги задоволуваме од домашни капацитети. Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја, изјави Бислимоски.

 

Слични содржини