Роман Полански ја освои француската награда Цезар за режирање на филмот An Officer and a Spy. Откако што било прочитано неговото име, револтираните актерки ја напуштиле салата.
Доделувањето на наградите се одржа во Париз, а предходно имаше жестоки негодувања од здружението за заштита на женските права откако е објавено дека филмот на Полански е номиниран во 12 категории. Имено, режисерот е осуден за силување на малолетничка од страна на американското правосудтво, а издржувањето на казната го одбегна со бегство во Франција за време на 1970-тите.
Поланси ја призна вината за сексуалниот однос со малолетничка во 1977 година и беше осуден на 90 дена затвор, но бил ослободен по 42 дена. Кога дознал дека судот сака да му додели повеќегодишна казна, побегнал.
Полански сепак не беше дојден на доделувањата, а актерките ја напуштија салата кога го слушнаа неговото име. Меѓу нив беше и актерката Адел Хаенел
„Срамота“, викнала додека излегуваше од салата, а по неа тргна и режисерката Селин Сциама.
Камерите ја снимиле како во ходникот вика: „Браво педофилу“.
КОмичарката Флоренд Форести, која ги водела доделувањата, по прогласувањето за најдобар режисер не се вратила на сцената, а на својот профил на инстаграм, објавила црна фотографија со натпис: Згрозена.