Беспилотниот јавен превоз започна финални тестирања во Сингапур

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Во Сингапур започна последниот дел од тестирањата на беспилотни возила, кои се очекува да бидат пуштени уште во следната година. 4550546Ова го соопшти денеска Министерството за транспорт на Сингапур. Сега автомобилите на автоматизам се тестираат во еден од истражувачките центри, како и во популарното меѓу туристите место “Градините на заливот”.

По неколку недели овие автомобили ќе се појават и на туристичкиот остров Сентос, каде во март или април следната година треба да станат основно средство за транспорт. Се очекува дека во првата фаза “паметните” автомобили да се движат низ островот само како шатлови – од точно одредена точка до друга.

Освен тоа движењето ќе биде по крајбрежниот пат, каде обично нема никакви други транспортни средства, а преовладуваат пешачките патеки. По уште околу 3-4 месеци, автомобилите со автоматизам ќе се појават повторно за тестови, по обични патишта, веќе заедно со “традиционалните” автомобили. Целокупниот концепт на беспилотни возила е за нивно вклучување на овие автомобили во паркот на јавниот превоз, како и нивно користење за товар.