Беспилотно летало соборено во воздушниот простор на Пакистан; Исламабад: „Нападот е неизбежен, размислуваме за употреба на нуклеарен арсенал“

од Milan1
78 прегледи

Пакистан објави дека неговата војска соборила индиски дрон кој наводно се обидувал да го наруши нејзиниот воздушен простор по должината на „Линијата на контрола“ (воена линија на контрола помеѓу делови од поранешната држава Џаму и Кашмир контролирани од Индија и Пакистан, која не претставува правно призната меѓународна граница, но служи како де факто граница), според државната телевизија.

Оваа информација доаѓа откако пакистанскиот министер за одбрана предупреди дека Пакистан верува дека индискиот напад би можел да биде „неизбежен“ и дека ќе разгледа можност за користење на својот нуклеарен арсенал како одговор на „директна закана за нашето постоење“.

Индиската војска го обвини Пакистан за неиспровоциран оган од лесно оружје по линијата на контрола во текот на ноќта и соопшти дека одговорила на умерен начин, објави Индо-Азиската новинска служба, објави Њузвик.

Тензиите меѓу Индија и Пакистан се зголемија по нападот и убиството на хинду туристи во Пахалгам, во индискиот дел од Кашмир.

Слични содржини