Како да го забавите стареењето? Постои една храна која е потполно бесплатна, а всушност е клучот за да останете млади!
Дали знаете што е најважно за кожата да ја задржи својата еластичност и свежина дури и во подоцнежните години? Вода! Сè додека е хидриран, ризикот од брчки се намалува, истакнуваат експертите. Така е и со другите органи во телото.
Истражувањата докажаа дека ако пиете многу вода, повеќе од успешно ќе го забавите стареењето. Луѓето кои пијат повеќе од оваа течност се поздрави, ризикот од развој на хронични болести е драстично помал, а нивниот животен век е подолг, покажа новото истражување.
Користејќи податоци собрани од 11.255 возрасни лица во период од 30 години, истражувачите ја анализираа врската помеѓу нивото на натриум во крвта, кое се зголемува со намалениот внес на течности, и разни здравствени проблеми.
Се воспоставило дека луѓето со повисоко ниво на натриум во крвта имаат поголема тенденција да развијат хронични болести, а забележани се и повеќе биолошки знаци на стареење. Луѓето со овој минерал над дозволената граница исто така биле изложени на поголем ризик да умрат на помлада возраст.