Бесплатен NIPT-тест со секое приватно ин витро во „Аџибадем Систина“

Првиот и најголем приватен ИВФ-центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува нова поволност за идните родители – бесплатен пренатален неинвазивен тест (NIPT) со секое приватно ин витро

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Систина

Првиот и најголем приватен ИВФ-центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува нова поволност за идните родители – бесплатен пренатален неинвазивен тест (NIPT) со секое приватно ин витро. Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон обезбедување уште посеопфатна, сигурна и современа грижа за пациентите кои се на пат кон родителство. Со вклучувањето на NIPT-тестот во пакетот за приватно ин витро, идните родители добиваат дополнителна вредност и можност за рана генетска проценка на бременоста, што овозможува навремено и прецизно информирање.

NIPT-тестот е наменет за секоја трудница, а особено се препорачува кај  бремености зачнати по пат на ин витро,  кај трудници над 30 години, позитивен резултат од серолошки скрининг, суспектен ултразвучен наод, како и во случаи на претходни спонтани абортуси и во ситуации кога инвазивните дијагностички процедури носат зголемен ризик за бременоста. Со овој тест идните родители добиваат рано, безбедно и високо прецизно генетско скрининг-испитување, без ризик за мајката и плодот.

Најголем приватен ИВФ-центар во регионот

Центарот за асистирана репродукција „Мала Богородица“, кој функционира во рамки на „Аџибадем Систина“, важи за референтен центар во регионот. Досега се реализирани над 36 000 ИВФ-циклуси, со стапка на успешност споредлива со водечките светски ИВФ- центри. Како пионер во имплементацијата на асистираните репродуктивни техники во земјава, центарот континуирано инвестира во најсовремена технологија, модерна лабораториска опрема и персонализирани протоколи за третман, со цел да се зголеми шансата за успешна бременост кај секој пар.

Во ИВФ-центарот работи високостручен и координиран тим составен од еминентни гинеколози акушери, андролози и ембриолози со долгогодишно искуство во областа на асистираната репродукција. Тимот брои: осум доктори супспецијалисти по асистирана репродукција, осум специјално обучени медицински сестри и девет искусни ембриолози, андролози и лаборанти. Со индивидуален пристап кон секој пациент, тимот обезбедува детална дијагностика, внимателно планирање на терапијата и континуирано следење во сите фази од процесот, од првата консултација до потврда на бременост.

Лабораторијата за асистирана репродукција е опремена според највисоки меѓународни стандарди и овозможува примена на најсовремени методи како што се: ICSI, напредна селекција на сперматозоиди, култивација на бластоцисти, витрификација на ембриони и јајце-клетки, асистиран хетчинг и преимплантациска генетска дијагностика. Примената на овие технологии значително ја зголемува можноста за успешна имплантација и здрава бременост.

Зошто е важен NIPT-тестот?

NIPT претставува безбеден и неинвазивен пренатален тест, кој овозможува рано откривање на најчестите хромозомски и генетски состојби кај фетусот без ризик за мајката и плодот. Тестот се изведува со едноставно земање крв од мајката и се базира врз анализа на слободна фетална ДНК, која циркулира во нејзината крв.

Специјалната понуда со вклучен NIPT-тест се реализира во соработка со Биотек лабораторија. Во рамки на оваа понуда е вклучена и бесплатна амниоцентеза доколку резултатот покаже висок ризик, што претставува дополнителна сигурност за пациентите.

Дополнителна бенефиција е можноста за плаќање на услугите до 60 рати без камата преку медиплус BABY-кредитот од Алта банка АД Битола, кој се одобрува во рок од еден ден.

Со оваа сеопфатна понуда, Центарот за асистирана репродукција при „Аџибадем Систина“ дополнително ја зацврстува својата позиција како водечки ИВФ-центар во регионот, обезбедувајќи врвна технологија, експертски тим и целосна поддршка за идните родители на нивниот пат до посакувано потомство.