Бесплатни прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчињата од Општина Центар

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Клиника Жан Митрев додели ваучери за педијатриски прегледи за секое новороденче од Општина Центар. Како дел од меморандумот за соработка потпишан со Општина Центар ова е второ доделување ваучери за семејствата од оваа општина кои годинава добиле дете, откако во мај беа доделени 130 ваучери.

Истото е продолжување на традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев придонесува за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.

Секое новороденче ќе биде прегледано од педијатар специјалист и родителите ќе бидат советувани за понатамошна нега. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да одберат термин кој најмногу им одговара и да закажат преглед за своето бебе. Бројот за закажување прегледи е 02/3091-484.

Слични содржини