Бесплатни ранчиња и училиштен прибор за сите првачиња во Центар

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Со широки насмевка, голема возбуда и нетрпеливо исчекување на првото училишно ѕвонче започна новата школска 2023/2024 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги посети училиштата „Коле Неделковски“ и „Кочо Рацин“ каде ја истакна важноста од образовниот процес и другарувањата кои некогаш траат и цел живот, и им подели ранчиња и училиштен прибор на првачињата.

„На денешниот почеток на учебната година ви посакувам многу успех во учењето но и многу дружба и моменти за паметење. Основните училишта се лулка на другарувањето, спортувањето, симпатиите и основа за вашите идни лични достигнувања. Оваа година нашите осум основни училишта бројат 564 првачиња и за сите нив преку донација од општествено одговорна компанија обезбедивме толкав број ранчиња и училиштен прибор. Основното образование носи вредности за вас и вашата и нашата иднина затоа ви посакувам да бидете примерни деца и да имате успешна година“, истакна Герасимовски.

Притоа Герасимовски на учениците им порача дека училишните денови во основното образование се важен испис во животот кој носи признати студенти и успешна иднина. Преку учење и дисциплина да станат успешни млади и амбициозни луѓе и за крај им посака да имаат среќна учебна година, исполнета со успеси, другарувања и одлични резултати.

Слични содржини