Бесплатните апликации ги расипуваат смартфоните

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Никој не сака да дава по 99 центи за апликација, кога може да си ја преземе бесплатно.Но, оваа заштеда може да нè чини скапо, бидејќи го расипува смартфонот, пријави телевизискиот канал Ен-Би-Си.Smartphone_2

Излегува дека апликациите кои ги симнуваме гратис на мобилни уреди, брзо ја трошат батеријата и ја оптоваруваат нивната меморија.Истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија споредиле бесплатни и платени верзии на 21 од најчестите апликации во Гугл плеј. Гратис верзиите се покажале дека консумираат 16 проценти повеќе струја, заземаат 22 проценти повеќе меморија и ангажираат со 79 отсто повеќе податоци безжична конекција.

Експертите ги советуваат корисниците да не штедат на малите суми. На крајот овие “мали инвестиции” ни се исплатуваат.

Корисниците кои користат апликации без пари, брзо се убедуваат за побрзото празнење на батеријата на мобилниот уред. Но, тие ретко сфаќаат дека на овој проблем може да се стави крај, кој се движи кон платените верзии.