Бесплатно Старбакс кафе поради компјутерски колапс во САД

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Поради компјутерски колапс во северниот дел на САД посетителите на синџирот кафулиња Старбакс пиеја бесплатно кафе, соопштува АФП.starbucks3_0

На Твитер беа поставени илјадници пораки на задоволни Американци, изразувајќи благодарност до компанијата. Други, пак, се пожалија дека не успеале да испијат бесплатно кафе, бидејќи местата побрзале да ги затворат порано од предвиденото.

Компанијата се извини за инцидентот и ги увери дека падот во системот нема да ги спречи нејзините локали да служи на клиенти како и обично.