Една од најпопуларните светски актерки Бети Вајт го прослави својот 99-ти роденден, а по тој повод им се обрати на своите следбеници преку социјалната мрежа Твитер, со убава шега.
Актерката, која е позната по бројни успешни комедии, задржа добра смисла за хумор и во својата 99-та година.
„Дали ви се верува? Го славам мојот 99-ти роденден, што значи дека можам да останам будна до колку сакам, без да барам одобрение од некого“, напиша Вајт на Твитер.
Покрај тоа, таа најави повторно прикажување на серијата „Pet Set“, нагласувајќи дека е многу горда што ова достигнување се враќа на малите екрани по 50 години.
„Се надевам дека сите сте безбедни и добро“, заклучи актерката весело.
Would you believe it?! It's my 99th birthday which means I can stay up as late as I want without asking. I am also very pleased to let you know about the re-release of my long-lost series after fifty years! I am just so proud of the “Pet Set”. I hope everyone is safe and well. pic.twitter.com/uyn1IEXUqb
— Betty White (@BettyMWhite) January 18, 2021
Актерката го прослави својот роденден хранејќи две патки кои живеат во близина на нејзиниот дом во Лос Анџелес. После тоа, со долгогодишен пријател отишла на хот дог.