„Бев целосно, целосно слепа“: Ема Томпсон проговори за неверството на поранешниот сопруг

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Ема Томпсон има еден развод зад себе, од колегата Кенет Брана.

Двајцата беа во брак од 1989 до 1995 година и ретко се појавуваа заедно во јавноста. Иако и двајцата веќе беа познати холивудски актери, па дури и соработуваа, се трудеа максимално да се држат настрана од медиумите, а речиси и да нема заеднички фотографии.

И покрај големиот напор да се зачува овој брак, Ема беше изневерена од Кенет со колешката Хелена Бонам Картер, со која соработувал на снимањето на филмот „Франкенштајн“.

Откако дозна за ова се разведе од Кенет, а на оваа тема проговори дури после неколку години.

Според неа, тоа неверство го поднела многу тешко, особено затоа што аферата со Хелена не била единствена.

„Бев целосно, целосно слепа за фактот дека тој имал врски со други жени на сетот“, истакна Ема, а потоа додаде дека премногу го сакала:

„Тогаш сфатив колку е лесно да не гледаш кога имаш толку силна желба да се излажеш себе“.

Откако дознала за неговото неверство, таа се чувствувала безвредно.

„Бев полужива. Секое чувство дека некој може да ме сака и дека вредам нешто целосно исчезна“, додала Ема.

Освен на овој начин, Ема се запознала со Хелена повеќе од еднаш. Прво заедно го снимија филмот „Howard’s End“, а потоа и двете се појавија во серијата филмови „Хари Потер“.

Една од најзабележителните улоги на Томпсон беше во филмот „Love actually“, каде го толкуваше ликот на изневерена жена, со која се поистоветувала.

„Таа сцена, каде што мојот лик стои покрај креветот и плаче, тоа е нешто со кое многу луѓе можат да се поистоветат. Моето срце беше скршено, Кен го скрши и знаев многу добро како е да се најде ѓердан кој не е наменет за мене. Беше токму така, но добро… сите сме поминале низ такво нешто“, изјави таа пред неколку години.

Меѓутоа, како што вели, „во тој најтежок и најболен период“, многу ѝ значела поддршката што ја добила од вториот сопруг Грег Вајс, со кој е и денес. Двајцата се венчаа во 2003 година, а подоцна ја добија ќерката Гаја.

Да потсетиме, Ема забремени со ин витро оплодување и на 39 години ја роди ќерката Гаја, за што отворено зборуваше.

Слични содржини