„Бев тажна“: Селма Хајек откри какви проблеми имала во кариерата поради физичкиот изглед

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Актерката Сeлма Хајек неодамна во едно интервју откри дека на почетокот на кариерата имала голем проблем бидејќи сакала да глуми во комедии, но не ѝ дозволиле поради фаталниот изглед.

„Долго време бев типизирана, цел живот сакав да работам на комедии, а луѓето не ми даваа комедии“, рече таа на почетокот на интервјуто за GQ.

Открила и дека се се променило откако го запознала колегата Адам Сендлер, кој во 2010 година ѝ доделил улога во комедијата „Возрасни“.

„Не можев да добијам улога додека не го запознав Адам Сендлер, кој ме одбра за комедија, а јас бев во четириесеттите. Ми велеа: Секси си, па не смееш да имаш смисла за хумор. Не само што не можеше да бидеш паметен, туку во деведесеттите не смееше ни да бидеш смешен“, искрено изјави актерката.

Сепак, како што вели, повеќе не чувствува дека сексуалноста е единственото нешто што се цени кај неа.

„Се наоѓам на место во мојот живот каде што мислам дека мојата сексуалност не е единственото нешто што најмногу се цени. Но, и да беше тоа случај, немаше повеќе да се грижам, бидејќи имам доволно почит од луѓето кои ми се навистина важни во животот, со кои се чувствувам видена и во други аспекти. Тогаш бев тажна, но сега работам во сите жанрови и во период од мојот живот кога ми кажаа дека ми истекува рокот на траење и дека ќе останам без работа. Ниту сум тажна, ниту лута, се смешкам“, заклучила Селма за споменатиот медиум.

Слични содржини