Познатиот актер Вуди Харелсон неодамна го прослави својот 61 роденден, а покрај бројните филмови кои ги сними, големо внимание привлече и неговиот приватен живот.
Роден е во Тексас и има двајца браќа, Џордан и Брет. Тие пораснаа во тешка сиромаштија и беа одгледани од нивната мајка Дајан, додека нивниот татко Чарлс ретко бил присутен во нивните животи.
Во 1974 година, Чарлс бил осуден на затвор поради работа како платен убиец, за што добивал огромни суми пари.
„Имав 11 или 12 години кога на радио го слушнав името на татко ми. Тоа беше пробен извештај. Се сеќавам дека мислев: Не може да има двајца Чарлс В. Харелсон. Конечно се соземав – па тоа е татко ми. Бев во шок“, изјавил Вуди своевремено.
Неговиот татко дури бил осомничен за вмешаност во атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди, кој беше убиен во 1963 година.
Поради сето ова, родителите на актерот се развеле кога тој имал седум години.
Како што подоцна признал, го посетил својот татко во затвор иако немале никаков однос.
„Ние сме родени во ист ден. И има една поговорка во Јапонија дека ако го споделите роденденот со татко ви, не сте исти како него, вие сте всушност реинкарнација на вашиот татко. Отсекогаш ми беше чудно колку всушност сме слични и колку работи правиме на ист начин“, рекол актерот, пренесе „Гардијан“.
Чарлс почина во 2007 година во затвор од срцев удар, а Вуди сè уште не бил рамнодушен кон својот татко. Имено, тој се обидел да му помогне и потрошил милиони за да му овозможи ново судење, до кое не дошло.