Стратегијата на администрацијата на Обама против “Исламска држава” предизвикува сé повеќе скептицизам не само на Капитол, но и во салите на Пентагон и меѓу воените експерти. Во средата поранешен висок офицер се приклучи кон критичарите на стратегијата, истото го направија четири други официјални лица во интервјуа за “Џа Дејли Бисти”. Сегашниот пристап “не работи”, според пензионираниот генерал Рејмонд Одиерно, кој беше началник во американската армија до август оваа година.

Одиерно смета дека специјалните единици и курдската милиција, кои се сметаат за најефикасни локални сили, не можат да сторат повеќе против “Исламска држава”. “Не можеш да ги победиш исламистите, ако не се вклучат копнени сили”, изјави Одиерно во интервју за телевизијата MSNBC.
“Разузнавањето што ни е потребно, треба да делува на терен”, додаде тој. Лекцијата од последните 17 месеци, во кои САД поведе меѓународна воздушна кампања против џихадистичката група во Ирак и Сирија е дека “Исламска држава” не може да биде победена со бомбардирања. Копнените сили можат да дадат најточни информации, кои ќе го зајакнат ефектот од воздушните напади. Но такви трупи не се предвидуваат. Отежнувачките околности во битката против “Исламска држава”, како и со единиците на “Ал Каеда” во Сирија, доаѓаат од фактот дека тие ја искористија политичките кризи и немирите по “Арапската пролет”.
“Терористите го подхранија џихадот со граѓанските војни во Сирија, Ирак, Либија, Јемен и египетскиот полуостров Синај. Традиционалното антитерористичка разузнавање не може да ја опфати целосно ситуацијата. Потребен е проширен пристап “, според ветеранот од ЦИА и експерт за тероризам Брус Рид.
Австријците: Сакаме ограда и контрола на границите против мигрантите
Техничкиот пристап во разузнавањето, кој користи сателитски снимки и зграпчување на комуникациски канали, е ставен под контрола до совршенство од САД, но не може да го запре растот на “Исламска држава”. “Дознаваме за сè важно и можеме да го фатиме и декодираме секој вид електронска комуникација. Она со што не се справуваме, е разузнавањето на терен “, рече Кристофер Хармр кој е поморски аналитичар во невладиниот Институт за проучување на војната, како и критичар на сегашната стратегија.
“Потребно е време, трпение и доверба, за да се развијат извори кои се подготвени да дадат информации”, додава Хармр. САД развија силна мрежа од извори во 2007-2008 години, кога се бореа во Ирак со “Ал Каеда”, оваа мрежа беше дел од земните операција во земјата. Оваа стратегија се користи од стотици илјади човечки борбени единици и огромен број специјални единици, кои собираа информации од извори како и од пресретнати лаптопи и телефони. На овој начин се следењеа повеќе џихадисти. Извор на “Дејли Бисти” од американското разузнавање изјави дека моделот базиран на копнена инвазија, не е одржлив.
Тој бара многу ресурси и огромен број војници кои ќе обезбедат расчистени области за долг период . САД привлекоа на своја страна и сунитски верски лидери кои помогнаа за рефракција на канџите на “Ал Каеда” врз Ирак и на крајот доведе до кршење на групата. Денес сунитските заедници во Ирак, каде што “Исламска држава” совладааа огромни територии, не сакаат да им помогнат на САД и шиитската влада во Багдад. Тие ја доживуваат како блиска до Иран и не сакаат да ги исполнат сунитските барања за поголема застапеност во државните институции.
“Факт е дека” Исламска држава “не може да биде истуркана од Ирак без помош на сунитите”, изјави Марк Алсалих кој е сунитски лобист во Вашингтон и раководител на Програмата за стабилност и безбедност во Ирак, која ги обединува граѓаните и верските лидери.
“Шеиците со кои разговарам, изјавуваат дека можат да ја завршат работата за неколку недели, не месеци. Многу луѓе во окупираните од “Исламска држава” територии едноставно ќе се свртат против групата. Единствено што ги запира, е дека немаат договор со САД или владата во Багдад “, дополнува Алсалих.
Американската стратегија е дополнително оптоварена со правилата при борба. Во минатото команданти на средно ниво можеа да одобруваат бомбардирања. Сега потребната дозвола понекогаш треба да дојде од генерал, а со тоа се зголемува времето за реакција. Идејата е да се намали бројот на цивилните жртви, но некои гледаат на ова како начин САД да го ограничи учеството.
“Војната против” Исламска држава “се води со повеќе ограничувања во воздушните напади во споредба со која било друга американска воена операција”, рече Хармр.
“Морална и стратешка предност е да ги намалите максимално цивилните жртви, но ако не си подготвен да ризикуваш воопшто со смртта на цивилите, тогаш дозволуваш на” Исламска држава “да ги користи како човечки штитови”, е мислењето на експертот.
Во средата секретарот за одбрана Еш Картер и генералот од ВВС Пол Селва, кој е заменик-претседател на воената команда, зборуваа пред комисијата за вооружените сили во Сенатот. Тие не успеаја да го побијат срамот на пратениците, независно демократи или републиканци дека стратегијата не работи.

Сепак администрацијата се чинеше ја отвори вратата за воведување на копнени сили. Во своето воведно слово Картер рече дека командата не сака “значително” присуство на американски војници. Ова е прв пат, во кој тој си дозволи да навестува за евентуално присуство. Во моментов 3500 американски војници се распоредени на 6 места во Ирак и Сирија, додаде Картер. Двајца сенатори ги оспорија како ефикасноста на стратегијата против “Исламска држава”, така и решеноста на претседателот Обама да се справи со групата.
“Не сум сигурен дека претседателот некогаш ги прашал воените претставници каква стратегија ќе е потребна за да се совлада” Исламска држава “, изјави за” Дејли Бисти “Боб Коркр, кој е претседател на Комисијата за надворешна политика.
“Ќе треба војската да ни каже, ако треба зад затворени врати, што според нив е потребно за да постигнеме победа”, додаде Крокер. Картер не успеа да им даде на сенаторите конкретни рокови кога ирачката армија ќе ја истурка “Исламска држава” од Мосул и кога новоформираната арапска коалиција во Сирија ќе може да го заземе градот Ракка кој е главен за групата. Генерал Салва изјави дека коалицијата не може да го задржи и обезбедиградот Ракка, а на специјалните единици на САД ќе им се потребни месеци, ако не години, за да обучуваат борци кои ќе го совладаат главниот град на исламистите.
Минатата недела Картер изјави дека се надева дека курдските милиции во Ирак заедно со коалицијата во северна Сирија ќе го предизвикаат “ефектот на снежни топки на патот кон Ракја.” Во средата, тој призна дека тоа не се случува. “Тие нема да стигнат до Ракка”, изјави Еш Картер за Курдите. Тоа не го изненади Џон Меккејн, кој е претседател на комисијата во сенатот. “Никој не верува дека Курдите ќе можат да го заземат Ракка. Тие се заинтересирани за територии, важни за нив “, додаде некогашниот кандидат за претседател на републиканците Мекејн за” Дејли Бисти “.
Некои едноставни прашања им отежнаа на Картер и Селва. Пример зошто неодамна САД почна да нишани во танкери на “Исламска држава”, со кои се врши трговија на нафта на црните пазари. Во последниот месец американската коалиција уништи најмалку 300 такви танкери. “Тоа стана возможно благодарение на разузнавањето”, изјави Картер, без да објасни зошто војниците дејствувале дури сега, со оглед дека САД знаат за танкерите од пред една година, како што посочи Мекејн. “Кога ќе заврши војната?” Праша сенатор Линдзи Греам. “Не и пред” Исламска држава “да биде поразена,” одговори Картер. “Што претставува победата над” Исламска држава “?” -праша сенаторот од демократите Хироно. Повеќе да не претставуваат закана, објасни Картер. Симпатизерите на стратегијата на Обама велат дека проблемот не е во САД, туку во неспособни арапски сили и влади. Дури и тие сепак не можат да оспорат дека американскиот пристап не може да доведе до победа над “Исламска држава”.
