За време на неговиот настап во Фонтенбло во Лас Вегас оваа среда, пејачот Џастин Тимберлејк издаде предупредување пред да ја изведе Cry Me a River, за која веќе две децении се тврди дека е за неговата поранешна девојка Бритни Спирс.
„Без навреда“, рече тој пред да го изведе големиот хит, а се беше снимено и објавено на ТикТок и другите социјални мрежи.
Тимберлејк, кој се забавуваше со поп-ѕвездата од 1999 до 2002 година, ја објави песната истата година кога раскинаа. Она што дополнително крена прашина во 2002 година е музичкото видео во кое неверна жена изгледа речиси идентично како Бритни, поранешната девојка на Тимберлејк.
И додека песната зборува за изневерување, Спирс во своите мемоари The Woman in Me потврди дека „еднаш“ го изневерувала Тимберлејк (42) со кореографот Вејд Робсон.
Спирс исто така тврдеше дека Тимберлејк ја изневерувал неколку пати со „друга славна личност“, чиј идентитет не го откри.