Без право на грешка: Путин откри зошто ја испратил војската во Сирија

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се водел од интересите на Русија кога донесувал одлуки во врска со Сирија.

„Кога донесувам вакви одлуки, мислам на сириското прашање, се водам пред се, не од моите сакања и не сакања, туку од интересите на руската држава“, рече рускиот лидер во документарниот филм на познатиот руски воен репортер Евгениј Подбуни „Без право на грешка. Божиќна посета на Дамаск“, кој се занимава со посетата на Претседателот на Сирија минатата година.

Рускиот лидер истакнал дека, како што покажа практиката од последните години, донесените одлуки биле исправни.

„Чувствувавме (кога донесовме одлука да започнеме воена операција) дека терористичката закана расте од територијата на Сирија, бидејќи милитантите ја окупираа скоро целата територија на Сирија“, додаде тој.

Шефот на државата истакна дека „сепак, без оглед на тоа што милитантите се поразени, доаѓа закана од оние територии кои сè уште се контролирани од терористите“.

Да потсетиме, во септември 2015 година, на барање на Дамаск, рускиот претседател Владимир Путин испрати авијација во Сирија да се бори против терористите.

Слични содржини